Бојан Илиевски од Македонија е големиот победник на 19. сезона од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. До престижната титула стигна благодарение на најголемиот број СМС гласови од публиката ширум регионот.
Зад неговата насмевка и големиот успех се крие тешка животна приказна која во текот на натпреварувањето ги расплака гледачите, жирито и целиот студио.
Бојан завршил основно и средно музичко образование, а студирал и на Музичката академија во Словенија. За време на своето учество отворено зборуваше за големите загуби и тешките моменти низ кои поминал.
Неговиот татко боледувал од тумор на мозокот, а и неговата мајка се борела со тешка болест. Бојан во младоста останал без двајцата родители, а семејството во тие моменти се соочувало и со сериозни финансиски проблеми.
Во најтешките денови, кога единствена желба му била повторно да го види татко му жив, во домот имале само 50 евра.
По смртта на родителите, најголема поддршка и животен столб му станала неговата баба од мајчина страна, која тогаш го придружувала и на снимањата.
„Јас сум му баба од мајчина страна. Тој нема ниту татко, ниту мајка, јас сум му единствена поддршка. Му починаа и татко му и мајка му“, изјавила таа, а емотивниот момент ја расплакал и Цеца.
И покрај сите животни удари, Бојан не се откажал од музиката. Со години работел на себе, се усовршувал и чекор по чекор го градел својот пат.
Денес, целиот негов труд е крунисан со најголемата победа – титулата победник на „Ѕвездите на Гранд“.
„Искрено, не очекував дека ќе победам. Не знам што да кажам. „Ѕвездите на Гранд“ е најгледана емисија во Македонија и затоа нашите луѓе беа најажурни со гласањето. Дадов максимум во текот на натпреварувањето. Имаше многу предизвици, а седмиот круг ми беше најтежок“, изјави Бојан по победата.



