По завршувањето на големото финале на „Ѕвездите на Гранд“, во кое кандидатката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Тамара Даниловиќ, ја освои првата награда одлука на жирито, пејачката не ја криеше гордоста и среќата за успехот на својот тим.
– Секоја година сум на подиумот, тоа е најважно. Прво или трето место, сеедно, пресреќна сум.
Сметам дека наградите се заслужени, но за жал повеќе ги нема бидејќи има многу талентирани деца кои пеат одлично – изјави Цеца.
На прашањето дали и следната сезона ќе биде дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“, пејачката не даде конкретен одговор.
– Тоа сите ве интересира, нели? Ќе морам малку да ве држам во неизвесност. Имам уште обврски, можеби дури во јули ќе одам на одмор.
Во моментов немам многу настапи бидејќи сум преморена. Имав многу концерти и снимања на „Ѕвездите на Гранд“, па батериите ми се при крај – призна таа.
Инаку, оваа сезона покрај Тамара Даниловиќ, како победник според гласовите од публиката триумфираше и Бојан Илиевски од Македонија, кој откри дека во текот на натпреварувањето поминувал низ тежок период и во еден момент сакал да се откаже.
Неговиот ментор Ѓорѓе Давид откри дека Бојан се соочувал со проблем со коцкањето, но успеал да го надмине и да стигне до големата победа, која, како што рече, не е само музички триумф, туку и победа на разумот.



