Во 67. година од животот почина д-р Виолета Ружинова Петкова, специјалист по општа медицина и долгогодишен лекар во Велес.
Во текот на својата повеќедецениска кариера, д-р Ружинова Петкова им беше посветена на пациентите од сите возрасти. Работеше во Итната медицинска помош, амбулантата „Ташевиќ“, во Службата за училишна превентива, како и во повеќе служби во ЈЗУ Здравствен дом Велес, каде остави значаен професионален белег.
Таа беше и вршител на должност директор на ЈЗУ Здравствен дом Велес, а претходно работеше во Службата за превентивна здравствена заштита на училишни деца.
Како специјалист по општа медицина со повеќе од 35 години работно искуство, д-р Виолета Ружинова Петкова лекуваше генерации велешани и беше почитувана меѓу своите колеги и пациенти.

Погребот ќе се одржи во недела во 13:00 часот на градските гробишта во Раштани.


