Страшна судбина: Младата мисица загина заедно со своето момче

Венецуелската манекенка и носителка на титулата „Мис Гранд Орландо 2025“, Скарлет Родригез, е пронајдена мртва заедно со своето момче Хозе Кастро, неколку дена по разорниот земјотрес што на 24 јуни ја погоди Венецуела.

Според странските медиуми, двајцата биле затрупани под урнатините на станбената зграда во која живееле во крајбрежниот град Катја Ла Мар, во сојузната држава Ла Гваира.

По денови неизвесност, нивните тела биле пронајдени, а тажната вест ја потврдиле членовите на семејството.

Во емотивна порака тие соопштиле дека Скарлет и Хозе биле пронајдени „еден покрај друг, до самиот крај“, заблагодарувајќи им се на сите кои учествувале во потрагата и ја споделувале информацијата за нивното исчезнување.

Семејството покренало и кампања за собирање средства со цел да ги покрие трошоците за спасувачката операција и погребот.

Скарлет Родригез имаше 23 години и неодамна ја освои титулата „Мис Гранд Орландо 2025“, со што стекна поголема популарност на меѓународната манекенска сцена.

Advertisements

Иако не ја освои титулата „Мис Гранд Флорида“, таа продолжи успешно да ја гради својата кариера и беше препознатлива во светот на изборите за убавина.

По објавувањето на трагичната вест, организаторите на натпреварите „Мис Гранд Флорида“ и „Мис Гранд Интернешнл“ ѝ оддадоа почит, истакнувајќи дека ќе остане запаметена не само по својата убавина, туку и по својата добрина, достоинство и несебична поддршка кон луѓето околу себе.