Голема трагедија: Татко се удави додека ја држел својата 3-годишна ќерка

Трагедија се случи во унгарскиот град Рацкеве, каде што 31-годишен маж го загуби животот откако потонал во реката Дунав додека во прегратка ја држел својата тригодишна ќерка.

Според унгарските медиуми, несреќата се случила во петокот попладне на обележана плажа. Очевидци забележале дека девојчето се бори во водата и повикува на помош, кажувајќи дека нејзиниот татко потонал.

Детето било спасено, но таткото не бил веднаш пронајден. Екипите на Итната помош пристигнале за неколку минути, а со помош на волонтери мажот бил извлечен од водата по околу половина час.

Спасувачите успеале да го реанимираат на брегот, по што со медицински хеликоптер бил префрлен во болница. Сепак, и покрај напорите на лекарите, тој подоцна починал.

Полицијата ги истражува околностите под кои се случила несреќата. Дел од сведоците и објавите на социјалните мрежи посочуваат дека во шаторот на семејството биле пронајдени празни шишиња од алкохолни пијалаци, но засега нема официјална потврда дека мажот бил под дејство на алкохол во моментот на несреќата.

Тригодишното девојче не е повредено, но превентивно било пренесено во болница на лекарски преглед.

Advertisements

Според порталот 24.hu, од почетокот на годинава до 30 јуни во природните капалишта во Унгарија се удавиле вкупно 34 лица.