Мексиканската инфлуенсерка Адријана Гарсија (30) почина за време на естетска интервенција во градот Кулијакан, пренесуваат локалните медиуми.
Според достапните информации, лекарите не успеале да ѝ го спасат животот по компликации што настанале за време на оперативниот зафат. Официјалната причина за смртта сѐ уште не е потврдена, а случајот е предмет на истрага од надлежните здравствени и правосудни институции.
Адријана беше позната креаторка на содржини на социјалните мрежи, каде што споделуваше објави поврзани со убавина, мода и животен стил. Имаше околу 47.000 следбеници на TikTok и 46.000 на Instagram.

Нејзината смрт предизвика голема тага, а најболниот детал е што зад себе остави мала ќерка.
Компанијата „Drop Shop“, со која соработувала, се прости од неа со емотивна порака, истакнувајќи ја нејзината посветеност, човечност и позитивна енергија.
Во меѓувреме, бројни пријатели, колеги и следбеници на социјалните мрежи објавуваат пораки на сочувство и се простуваат од младата инфлуенсерка, опишувајќи ја како насмеана, добра и инспиративна личност.



