Прекин на преговорите на Македонија со ЕУ побараа демонстрантите на протест во Бугарија

Стотина граѓани се собраа пред зградата на Европската комисија во Софија во знак на протест поради претепаниот македонски Бугарин, Христијан Пендиков во Охрид, јави агенцијата БГНЕС.

На протестот се приклучија и граѓани и поддржувачи на партијата ВМРО. Тие, како што пренесува агенцијата, се изјасниле против дискриминацијата на Бугарите во Македонија.

На протестот било побарано виновниците да бидат казнети и веднаш да се прекинат преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Advertisements

„Демонстрантите бараат прекин на насилството врз Бугарите, кое е зголемено во последните месеци. Тие ги повикуваат властите во РСМ да преземат мерки за запирање на јазикот на омраза кон граѓаните кои се изјаснуваат дека имаат бугарско потекло“, јавува БГНЕС.

Демонстрантите се упатиле кон зградата на Македонскиот културен центар, лоцирана на улицата „Обориште“. Таму донесоа црвени рози. Тие избраа црвени рози бидејќи од една страна ја симболизираат непотребно пролеаната крв, а од друга страна симбол на љубовта.

 Пендиков, на 19 јануари вечерта бил нападнат од три лица пред ресторан во Охрид.

ФОТО: БГНЕС

.