Институт за Јавно Здравје (ИЈЗ) утрово информираше дека кај еден пациент е детектиран новиот подсој на омикрон познат како „кракен“.
Од вкупно 32 позитивни примероци на SARS-CoV-2, кај еден е детектирана варијантата XBB.1.5 омикрон сублинијата позната како Кракен.
„Пациентот кај кој е детектирана новата сублинија е од Гевгелија, a примерокот е земен на 11.01.2023 година“, соопштуваат од ИЗЈ.
Advertisements
Селектираните 32 примероци биле од месеците декември 2022 година и јануари 2023 година.
„Кај 8 примероци е детектирана BA.2 сублинијата на Омикрон сојот. Кај останатите 23 SARS-CoV-2 примероци е детектирана ВА.5 сублинијата на Омикрон“, соопштуваат од Институтот.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Македонскиот јазик и говорот на омраза - науката е најсилното оружје против политичката аг...
Детската клиника казнета со 5.200 евра - специјализанти прегледувале пациенти, наместо деж...
„ДПМНЕ и ЗНАМ станаа измеќари на ВРЕДИ“ - Левица бара расправа за Законот за бранителите в...
„15 луѓе не загинаа по своја вина, туку затоа што некој не си ја завршил работата“ - Вучиќ...
„Tреба да трчаме трка со 110 метри со пречки, а ЕУ да си го исполни зборот“ - Мицкоски за ...