Ова го нема ни во Африка, да работите, а да не земате плата – Максим Димитриевски

Тоа го нема во ниту една држава во опкружувањето. Тоа го нема ниту во Африка. А, тоа потврдува дека во Македонија од ден во ден се тоне во секојдневните проблеми, изјави градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во „Само вистина“ на Канал 5.

„И се потврдува дека власта е толку кревка и на стаклени нозе дури и неодржлива, гледате што се случува во Собранието, не можат да потврдат бројка дека имаат мнозинство за да ја изгласаат следната Влада. Мислам дека час поскоро треба да се случат сериозни промени во државата“, вели Димитриевски.

Advertisements

Кумановскиот градоначалник зборуваше и за состојбата во Фондот з аздравствено осигурување, откако беше хакиран.

„Треба секогаш да се соочиме со реалноста, ако во Фондот за здравство има реални проблеми, а има, тогаш директорот треба да излезе и да даде отчет што се случува и да побара решение за истиот проблем. Но, проблемот не треба да се крие од граѓаните, бидејќи Фондот е на граѓаните“, вели Димитриевски.

Според него има системски проблеми во нашата држава и општо незадоволство и тоа не само кај пациентите туку и кај здравствените работници.

„И реакцијата нивна е апсолутно прифатлива за мене и мислам дека треба да се стави крај на тоа. Не може вие да работите, да давате услуга, а да не земате плата за тоа. Кај го има тоа?“, рече Димитриевски.

Во врска со македонско бугарските односи Димитриевски го повтори својот јасен став:

„Во Бугарија го кажав тоа што го мислам и во секоја прилика ќе го повторам. Бугарија дефинитивно на овие простори 1941-1944 година била окупациска сила. Царска Бугарија била фашистичка сила, но се изненадив од еден факт. Кој го направи ова во Ваташа? Не го направија нашите партизани, го направија бугарските фашисти, фашистичката полиција и војска. На овој човек му отворивме центар во Охрид и нашата држава молчеше. Со кого е сликан тука на слика? Со Хитлер“, рече Димитриевски.