Детали за двојното убиство во Чаршијата – ладнокрвно испукани 40-50 куршуми, најголем дел завршиле во телата на убиените

„Отприлика 40-50 чаури се пронајдени околу телата на убиените, најголем дел од куршумите се завршени во нивните тела, односно многу малку се завршени надвор од тоа“, откри во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на „Алсат“ шефот на Основното јавно обвинителство во Скопје, Гаврил Бубевски.

Бубевски оценува дека случајот со двојното убиство во локалот „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија е пресметка за позиции на нарко-пазарот.

„Органите на откривање и органите на прогон работат на повеќе аспекти и повеќе размислувања – зошто е дојдено до тој настан од аспект и на тоа кои се лицата кои се жртви, зошто некој би имал мотив овие лица да ги лиши од живот и криминалистички се обработува во повеќе насоки. Во овој момент не можам повеќе да кажам освен тоа дека се кристализира дека се работи за позиции на нарко-пазарот кој очигледно е многу важен за таквите структури“, рече Бубевски.

Advertisements