Нова цена од полноќ – бензините поскапуваат, дизелот ќе биде поевтин

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се намалува за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според одлуката на РКЕ, за половина денар се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) чија нова цена ќе биде 78,5 денари. Цената на мазутот М-1 НС, пак, се зголемува за 1,36 денари за килограм и ќе биде 40,593 денари.

Advertisements
  • еуросупер БС-95 – 77 денари за литар;
  • еуросупер БС-98 – 79,5 денари за литар;
  • еуродизел – 80 денари за литар.