Од полноќ поскапува дизелот и нафтата за домаќинство

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија(РКЕ) денеска донесе одлкуа со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,44 % .

Од РКЕ информираат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините за 0,078%, додека кај дизелот има зголемување за 4,832%.

Advertisements

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемува за 2,50 и ќе се продава за 80,50 денари за литар, додека пак цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 3,00 денари по литар и ќе се продава за 78,50 денари.

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси. Односно, ЕУРОСУПЕР БС – 95 и натаму ќе се продава за 76,00 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 78,50, а килограм Мазут М-1 НС за 39,37 денари.