Нема зборови за утеха – почина фудбалската легенда Синиша Михајловиќ на 53 години

Српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ почина денеска на 53 годишна возраст. Тој повеќе од три години се бореше со тешката болест леукемија.

Во текот на годините тој играше за Црвена Звезда, Сампдорија, Лацио и Интер. Подоцна беше тренер и на повеќе италијански клубови. Пред десет години беше и селектор на Србија. Ќе го паметиме како специјалист за слободни удари.

Advertisements

Тажната вест ја соопшти неговото семејство за кое нема зборови за утеха.

„Семејството со голема тага ја соопштува неправедната и прераната смрт на својот маж, татко, брат – Синиша Михајловиќ. Извонреден професионалец, достапен и добар кон сите. Храбро се бореше против страшната болест. Им благодариме на докторите и медицинскиот персонал, како и сестрите кои го следеа со години со многу љубов и почит. Посебно др: Франческо Бонифачи, др. Антонио Курто, проф. Алесандро Рамбалди и др. Лука Маркети. Синиша секогаш ќе остане со нас. Продолжуваме да живееме со љубовта која ни ја пружи“, објави семејствот во соопштението кое го пренесуваат италијанските медиуми.

Михајловиќ ги остави сопругата Аријана, ќерките Вирџинија и Викторија и синовите Мирослав, Марко, Душан и Николас.