ОГРОМНА ТАГА: Почина легендарниот актер од „Индијана Џонс“

Британскиот актер Мајкл Бирн, познат по улогите во филмот „Индијана Џонс и последниот крстоносен поход“, серијата „Улица на крунисувањето“ (Coronation Street) и филмската франшиза „Хари Потер“, почина на 82-годишна возраст.

Бирн зад себе остави богата кариера што траеше повеќе од шест децении. Во популарната британска серија „Coronation Street“, од 2008 до 2010 година, го толкуваше ликот на Тед Пејџ, одамна исчезнатиот татко на Гејл Плат и поранешен партнер на Одри Робертс. Гледачите особено го паметат по емотивната сцена во која ја испраќа својата ќерка до олтарот.

Кариерата ја започнал на театарската сцена во шеесеттите години, настапувајќи заедно со големи имиња како Меги Смит и Роберт Стивенс.

На филмското платно остави силен белег со улогата на полковникот Фогел во „Индијана Џонс и последниот крстоносен поход“, а играше и во „Храбро срце“, филмот за Џејмс Бонд „Утре никогаш не умира“, како и во „Хари Потер и Реликвиите на смртта – Дел 1“, каде го толкуваше ликот на Гелерт Гринделвалд.

Во неговата богата филмографија се и остварувањата „The Eagle Has Landed“, „A Bridge Too Far“, „The Medusa Touch“, „The Saint“, „The Sum of All Fears“ и „Gangs of New York“.

Покрај филмот, Бирн беше чест гостин и во бројни телевизиски серии, меѓу кои „Casualty“, „A Touch of Frost“ и „Sharpe“.

Advertisements

Последен пат настапи на театарската сцена во 2018 година, по што се повлече од актерството. Зад себе ги остави сопругата Керол, двете ќерки и трите внуци.

Веста за неговата смрт предизвика бројни реакции и пораки на сочувство од колеги и обожаватели ширум светот, кои го паметат како исклучителен актер со значаен придонес во филмот, телевизијата и театарот.