Грчката полиција не простува: Македонска туристка остана без возачка поради оваа грешка

Летната сезона повторно донесе предупредување за сите туристи кои патуваат во Грција.

Македонска туристка останала без возачката дозвола и добила казна од 350 евра затоа што возела без врзан безбедносен појас.

Случајот бил споделен во Фејсбук групата „Grčka info“, каде жената објаснила дека прекршокот се случил во Афитос, на многу кратка релација од околу 500 метри.

„Ми ја одзедоа возачката дозвола и ми напишаа казна од 350 евра затоа што не носев појас. Што да правам? Некои ми велат да не плаќам и да извадам нова возачка, но не знам што е најпаметно“, напишала таа.

Нејзината објава предизвика бројни реакции, а најголемиот дел од коментарите беа дека казната треба да се плати.

„Подобро плати и скрати си ги маките“, советувал еден од членовите на групата, додека друг предупредил дека неплатената казна може да создаде проблеми при следните влегувања во Грција.

Advertisements

„Како мислиш повторно да влезеш во Грција? Ако смениш возачка, тоа може само дополнително да ти направи проблеми. Плати ја казната“, гласи еден од коментарите.

Имаше и такви кои потсетија дека без разлика дали се работи за кратка или долга релација, користењето на безбедносен појас е законска обврска.

Грчката полиција и ова лето спроведува засилени сообраќајни контроли, а туристите се предупредуваат строго да ги почитуваат правилата, бидејќи казните за сообраќајни прекршоци се високи и често се придружени со привремено одземање на возачката дозвола.