Светската музичка сцена остана без еден од своите најпознати уметници, откако славен музичар, актер и добитник на Оскар трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа.
Според информациите од ирските медиуми, несреќата се случила во близина на областа Стробери Бедс во Лукан, недалеку од Даблин, кратко пред 4:30 часот наутро. Моторот со кој управувал излетал од коловозот, а музичарот починал на самото место.
Во соопштение на неговата менаџерска куќа се наведува дека семејството е длабоко потресено од трагичната загуба и замолува јавноста да ја почитува нивната приватност во овие тешки моменти.
„Со скршени срца ја споделуваме веста за неговата смрт. Семејството е благодарно на службите за итна помош кои интервенираа, но ве молиме за разбирање додека трае полициската истрага“, се наведува во соопштението.
На местото на несреќата веднаш пристигнале полицијата и екипи на итната медицинска помош, а сообраќајни експерти извршиле увид и започнале детална истрага за причините што довеле до трагедијата.
Починатиот беше еден од најценетите ирски кантавтори, фронтмен на легендарната рок-група The Frames, а светска слава стекна и со улогата во филмот „Once“, за кој ја освои престижната награда Оскар за најдобра оригинална песна.
Живееше меѓу Ирска и Финска, а зад себе ги остави сопругата и нивното дете.
По трагичната вест, бројни јавни личности, колеги и политичари се простија од него, истакнувајќи дека покрај неговиот огромен музички талент, ќе остане запаметен и по својата хуманост, посветеност кон луѓето и големиот придонес во ирската култура.



