Додека Мицкоски го штити Трипуновски сточарите се во тешка криза. Стопанството буквално се распаѓа. Откупот е намален и со понижувачка откупна цена од едвај дваесетина денари за литар млеко. Во исто време, цените на млекото и млечните производи во маркетите растат. Некој прави огромни профити врз грбот на земјоделците, изјави на прес-конференција на СДСМ, Александар Димитриевски од Комисија за земјоделство.
Кризата дополнително се продлабочува. Две млекарници во делчевскиот регион најавија прекин на откупот, што значи дека многу сточари остануваат без пласман и без егзистенција.
Дополнително, доцнат субвенциите за добиток и премиите за млеко. Затоа прашуваме: каде се парите за земјоделците? Дали во Буџетот веќе ги нема?
СДСМ бара итна интервенција за обезбедување непречен откуп на млекото и посебна мерка за поддршка на производителите на кравјо млеко преку интервентната програма.
Ова што се случува е недозволиво!
Мицкоски го уништи земјоделството. Субвенциите се намалени за 40 милиони евра, откупот е намален за 46 проценти, а земјоделците се оставени без заштита и без перспектива.
Хаосот е насекаде – кај сточарите, градинарите, оризопроизводителите, овоштарите и пчеларите. Сите се соочуваат со исти проблеми: ниски откупни цени, неисплатени субвенции и несигурен пласман.
Го прашуваме Мицкоски зошто нема мерки за млекото, оризот, доматот и пиперката? Зошто доцнат субвенциите?
Затоа што, како што рековме нема пари во буџетот за земјоделците заради криминални тендери.
Сега снемува пари и за тендери штом му се брза со избори, додаде Димитриевски.



