Кои се тројцата пратеници со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство

ВМРО-ДПМНЕ обезеди апсолутно мнозинство во парламентот со најмалку 61 пратеник, по првичните 58 мандати освоени на изборите. Со оваа позиција настапи и на денешната прва работна средба со “Вреди“ за формирање на идната владина коалиција.

Разговорите со Колицијата на Гаши, Касами, Таравари и Меџити сепак продолжуваат, а целта како што вели Мицкоски е постигнување на 2/3 мнозинство во Собранието.

Advertisements

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар, Христијан Мицкоски истакна дека покрај 58 пратеници на коалицијата „Твоја Македонија, имаат консолидирано точно 61 пратеник и информира дека разговорите со „Вреди“ се водат во вистинска насока, но не кажа кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ стигна до парламентарно мнозинство.

– Можам да кажам дека како „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот покрај 58 пратеници кои ги има автентично, очекуваме одлука на Управниот суд да видиме што ќе се случува со изборната единица 5 и 6, можам со задоволство да кажам дека имаме консолидирано точно 61 пратеник, но тоа нема да не повлече од разговорите со идните потенцијални коалициски партнери како што е коалицијата „Вреди“, изјави Мицкоски.

Неофицијално, наводно се работи за пратеници кои беа дел од предизборната коалиција „За европска иднина“ предводена од СДСМ.