Во Основниот кривичен суд почна судскиот процес против обвинетиот возач Васил Јованов кој на 30 јануари годинава ја прегази младата студентка Фросина Кулакова на пршачкиот премин кај Универзална сала.
Во судницата се наоѓаат двете семејства, Кулакови кои седат во вториот ред во судницата веднаш зад обвинителот, и Јованови кои се оддалечени и седат во просторијата од каде новинарите го следат судењето, јави Вечер.
„Јас не сум само мајка која го изгубила своето дете јас сум човек со откорната душа јас сум гласот на Фросина која не беше само прегазена туку беше убиена на начин кој човечкиот ум не може да го прифати. Тој не се обидел ни да запре, не погледнал не почувствувал, ја фрлил со толкава сила што со главата ја скршила шофершајбната, го извиткала семафорот од другата страна на улицата. Ниту еден орган не и беше поштеден коските искршени, срцето распрскано, градниот кош отворен, и така мојата Фросинче остана таму без здив . Кој член од законот може ова да ја регулира мојата болка кога заспивам и се будам со нејзината слика. Затоа бараме највисока казна, да не се најде ниту еден родител во оваа голгота што ја живееме. Ве молам покажете дека правдата има лице и злосторството да не помине во сенка. Затоа барам правда и максимална казна за животот и човечноста, рече мајката на девојката која предизвика солзи и кај судијката Снежана Марковска и дел од присутната јавност.