„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш“ – Кацарска се соочи со нови закани, полицијата го привде насилникот

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска била вербално нападната во трговски центар во Скопје.

Заканувачот кого полицијата го привела е со иницијали В.П.Г. од Богданци,  кој со вакви зборови и се обратил на претседателката на Уставниот суд: „ќе одговараш, страшно ќе одговараш!“, а потоа  се приближил до масата покрај која седела Кацарска со уште една жена.

Advertisements

„Денеска (18.05.2024), полициски службеници од Полициската станица Центар во 14.00 часот го лишиле од слобода В.П.Г.(57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје, со зборовите „ќе одговараш, страшно ќе одговараш“ лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик“, велат од МВР.