Убиство на паркингот кај Мавровка, полицијата уапси двајца, познат е идентитетот на уште еден осомничен

Денеска (20.08.2024) во СВР Скопје било пријавено кривично дело убиство на паркинг простор пред трговски центар „Мавровка“ во Скопје, при што со огнено оружје е застрелано едно лице и починало на местото, информира МВР.

„Од страна на полицијата веднаш се преземени оперативно – тактички мерки, затворање на дел од градското подрачје, преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила, во кои се вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови. Имено, на подрачјето на општина Чаир, забележено е патничко возило, кое се обидело да побегне, при што лицата од возилото пружиле отпор со употреба на огнено оружје. Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода. При преземањето понатамошни мерки, од слобода било лишено уште едно лице, а на полицијата е познат и идентитетот на третото осомничено лице кое е во бегство и за кое се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Advertisements

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот што следува во некои делови од град Скопје ќе има зголемено полициско присуство со цел целосно расчистување на случајот .