СДСМ: ЗНАМ се распаѓа

ЗНАМ тотално се распаѓа на сите нивоа. По пратеникот Миле Цеков, уште една советничка на ЗНАМ во Советот на општина Прилеп го напушти владејачкото мнозинство, велат утрово од СДСМ во соопштение испратено до медиумите.

Оваа група, создадена од Максим Димитриевски, а финансирана од Мицкоски и ВМРО-ОКГ, со единствена цел растурање на СДСМ, прво ја предаде својата матична партија, а потоа и своите гласачи со влегувањето во тендер-коалицијата со најголемиот непријател на Македонија – криминалната организација ВМРО.

Заради падот на поддршката на ЗНАМ, потврдена во сите анкети, уште во декември ВМРО-ОКГ смисли „нов ЗНАМ“ – „платформата“ преку уценети и платени одметници од СДСМ, луѓе водени од личен интерес и приватен бизнис со цел да ја рушат партијата одвнатре.
ВМРО-ОКГ е во паника.

СДСМ секојдневно ги враќа своите гласачи, додека ВМРО-ОКГ е во слободен пад – веќе изгубија над 150.000 гласови поради неисполнети предизборни ветувања за името, Преспанскиот договор, платите, економијата…

Повеќе ниту лажните вести, ниту лажните афери не поминуваат, додаваат од СДСМ.