Огромен ореол од мистериозна црвена светлина, како од научно-фантастичен филм, блесна на небото над Италија. Мистериозниот диск се појави и исчезна за неколку секунди, поради што повеќето луѓе го пропуштија.
Феноменот го снимил фотографот Валтер Биното. Тој на 27 март успеа да го фотографира светлиот ореол на небото над градот Посањо, северна Италија, иако ова не беше точната локација на феноменот. Всушност, кругот со дијаметар од 360 километри се појавил над централна Италија и Јадранското Море. Поради перспективата од која е снимен, ореолот изгледа како да виси над градот.
Eerie ring of red light flashes like a massive UFO above Italy. What was it?
The explanation makes one wonder?#ufo #ufotwitter #uaphttps://t.co/sMGCQcR0Wf— UFO Truth Digger Anthony G.???♂️⛏ (@ufotruthdigger) April 5, 2023
Овој феномен е познат како ELVE. Тоа е електрично празнење кое зрачи нагоре од врвот на кумулусниот облак за време на бура, објаснуваат научниците.
„Емисија на светлина и нарушувања на многу ниска фреквенција поради извори на електромагнетни импулси“, го даваат своето објаснување за феноменот и од Spaceweather.
March 27th, an enormous red ring of light appeared in the sky over central Italy. Valter Binotto photograph? It was about 100 km high and nearly 360 km wide. I have been photographing upper atmospheric lightning(TLEs) since 2019 hundreds of them, and this is one of the biggest! pic.twitter.com/GwcR0iUYKX
— SGT “Preacher” #CATARMY Chaplain of #PAWfleet (@envoluted) March 31, 2023
ELVE е редок вид на стратосферско или мезосферско пореметување кое произлегува од интензивна електрификација во бура со грмотевици. Црвените кругови се создаваат кога електромагнетните импулси емитирани од гром удираат во јоносферата на Земјата – јонизираниот дел од горната атмосфера што се протега помеѓу 80 и 644 километри над земјата.