Тажна вест доаѓа од светот на филмот – актерката Дејви Чејс, која публиката ја памети по улогите во „The Ring“ и како гласот на Лило во анимираниот хит „Lilo & Stitch“, починала на 35-годишна возраст.
Според американските медиуми, Чејс починала откако развила менингитис и инфекција на крвта, кои довеле до сепса и откажување на органите. Информацијата за нејзината смрт наводно ја потврдил нејзиниот партнер Рој Хернандез.
Својата кариера ја започна уште како дете, а светската слава ја стекна во 2002 година кога го позајми гласот на Лило во популарниот филм на Дизни „Lilo & Stitch“.
Истата година ја одигра и застрашувачката Самара Морган во хорор хитот „The Ring“, улога која ѝ донесе MTV награда за најдобар негативец.

Во текот на кариерата се појави и во бројни познати проекти како „Big Love“, „Donnie Darko“, „ER“, „Sabrina the Teenage Witch“ и многу други.
Нејзините последни денови, според сведоштвото на нејзиниот партнер, биле исполнети со тешки животни околности, а тој преку кампања за помош се обидувал да ѝ обезбеди мир, сигурност и достоинствен живот.



