(ФОТО) Има кошмари од дрогата, а беше преубаво момче – се сеќавате на Џон Конор од „Терминатор“?

Едвард Фурлонг, ѕвездата на култниот филм „Терминатор 2“, е забележан по долго време, додека излегувал од својот стан во Лос Анџелес.

Едвард во „Терминатор 2“ го играше момчето Џон Конор, лик со кој денес е тешко да се поврзе.

Тој бил придружуван од актерка од популарната серија „Dawson’s Creek“ и неговата поранешна девојка Моника Кина, која ја поминала ноќта во станот на Фурлонг.

Моника пред повеќе од десет години побарала од судот забрана за приближување, но се чини дека парот се смирил по низа турбулентни години.

Во интервју за списанието „People“ во една прилика Едвард изјавил:

„Бев зависник од хероин и кокаин. Беше навистина страшно. Веќе не ни размислувам за забава. Тоа ми изгледа некако осамено, да излегувам во клубови и да се дрогирам. Имам кошмари од дрогата“.

Advertisements

ата“.