Легендарните музичари Ѓорѓе Балашевиќ и Горан Бреговиќ со години соработуваа со најголемите балкански музички ѕвезди, а потпишаа и некои од најголемите хитови на поранешната југословенска сцена.
Со оглед на тоа, не е чудно што и двајцата соработуваа со Здравко Чолиќ, а поради една песна се растури пријателството и соработката помеѓу Балашевиќ и Бреговиќ. Имено, станува збор за песната „Маѓарица“, која Чолиќ ја отпеа далечната 1981 година и се наоѓа на неговиот албум „Мало појачај радио“, пишува Нова.рс.
Текстот на оваа песна го напиша Ѓорѓе Балашевиќ, но под името „Опатица“, кое Брееговиќ го промени.
Сметал дека името „Маѓарица“ е попривлечно, а со него се согласил и Чола. Двајцата решија сами да го сменат името, што не му се допадна на Балашевиќ.
Не дозволил да му се менува текстот, а на Браговиќ му замерил.
Меѓутоа, по некое време двајцата повторно почнале да контактираат, но никогаш повеќе не соработувале.