(ФОТО) Познатиот готвач ѝ се врати на поранешната сопруга, направија венчавка од бајките на Малдиви

Добро утро на сите, Џулс и јас повторно се венчавме! Да, по 23 години заедно, мислевме дека е подобро да го обновиме бракот пред децата да почнат да го напуштаат семејното гнездо, објави Џејми Оливер, светски познатиот готвач на социјалните мрежи.

Тој сподели фотографии од плажата, каде што се одржала свадбената церемонија, а младенците можат да се видат како танцуваат покрај брегот на морето на Малдивите, пренесе „Мирор“.

„Отсекогаш сонувавме да одиме на Малдиви и беше исто како што би сонувале, едноставно неверојатно! голема благодарност до целиот тим во Сонева што ни го разнесе умот и го направија овој момент толку посебен и незаборавен“, напиша Џејми.

Advertisements