Кој е Николај Габровски, кандидатот на ГЕРБ-СДС за премиер на Бугарија?

Предлогот на ГЕРБ-СДС за премиер на Бугарија е професорот Николај Габровски, пишуваат бугарските медиуми.

Лидерот Бојко Борисов претходно најави дека ГЕРБ ќе предложи влада од експерти кои ќе можат да ја стабилизираат Бугарија.

Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска ја прифати кандидатурата предложена од двете партии, ГЕРБ и СДС, за формирање на експертска влада која ќе ја води земјата во ова кризно време, јавуваат бугарските медиуми.

Advertisements

Габровски беше национален консултант по неврохирургија во Министерството за здравство. Специјализирал повеќе пати во Франција, Белгија, Германија во областа „Невро-онкологија и интраоперативна МРИ“.

Николај Габровски дипломирал на Медицинската академија во Софија во 1996 година, а од 1997 година почнал да работи на клиниката за неврохирургија во „Пирогов“.

Од 2006 година е раководител на тамошниот невро-онколошки оддел, а две години подоцна станал вонреден професор по неврохирургија. Во 2011 година е избран за раководител на клиниката за неврохирургија во „Пирогов“.

Од 2021 година Габровски е дописен член на Бугарската академија на науките. Тој има седум дена да го предложи составот на новата влада на Бугарија.