Почина познатиот охридски адвокат Сотир Каралиевски
Тажна вест го потресе Охрид. На 77-годишна возраст почина познатиот адвокат Сотир Каралиевски.
Каралиевски важеше за почитуван и препознатлив човек во градот, познат по својата добрина, чесност и ведар дух. Покрај правната професија, музиката беше една од неговите најголеми животни страсти.
Неговото заминување остави голема празнина кај семејството, пријателите и сите оние што имаа можност да го познаваат.
Погребот ќе се одржи денеска од 12:00 до 12:30 часот на Градските гробишта во Охрид.



