Путин стави параф на нов закон со многу забрани, има цензура и на рекламирањето

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон кој ги опфаќа интернетот, медиумите, книгите, аудиовизуелните услуги, кинематографијата и рекламирањето, јави агенцијата ТАСС.

Законот предвидува зголемување на бројот на забранети информации кои можат да им се пласираат на децата, како што се пропаганда и демонстрации на нетрадиционални сексуални односи и (или) кои укажуваат на предноста на тие односи, како и информации кои предизвикуваат децата да сакаат да го променат полот.

Воведена е нова поделба на термините за да се разјаснат значењата на „демонстрација“ и „пропаганда“.

Advertisements

Се воведува задолжителна претплата и дополнителни технички средства за заштита на пристапот до телевизиски и радио содржини, што е забрането за деца, како и утврдување возраст во рекламните материјали од таа содржина.

Дополнително, се прошируваат барањата за огласи, кои не смеат да содржат информации што покажуваат нетрадиционални сексуални односи или укажуваат на предноста на таквите односи.

Законот забранува пропаганда на нетрадиционални сексуални односи или укажува на предноста на таквите односи, меѓу другото, пропаганда на педофилија меѓу Русите, како кај возрасните, така и кај малолетните граѓани.