Tајвански „Јагео“ влегува во Македонија – досега најголема гринфлид инвестиција во вредност од 205 милиони евра

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски денеска во Таипеи, Тајван, ќе потпише договор со „Јагео“ за нова инвестиција во Република Северна Македонија.

Како што јавува известувачот на МИА од Таипеи, станува збор за досега најголемата гринфилд инвестиција во земјава од осамостојувањето во вредност од 205 милиони евра, која ќе отвори околу 4 000 работни места.

Церемонијата на потпишувањето ќе се одржи во седиштето на компанијата. Предвидено е најпрво поздравни обраќања да имаат директорот Деспотовски и претставник на компанијата, а потоа, преку видео-конференциска врска, се очекува да се вклучи и премиерот Димитар Ковачевски.

Advertisements

Делегацијата што ја предводи Деспотовски утре ќе има можност да ја посети фабриката на „Јагео“ во Каошунг.

„Јагео“ е основана во 1977 година и денес се смета за еден од најголемите глобални добавувачи во автомобилската индустрија, зелената енергија и електрониката за широка потрошувачка (5G и телекомуникации). Има 29 продажни канцеларии, 49 производствени локации и 20 центри за истражување и развој во 24 држави во Азија, Европа и САД, а брои 40 000 вработени.