„Почнувајќи од декември 2022 година, осомничениот вршел семејно насилство врз 19-годишна жена со која живеел во вонбрачна заедница. Жртвата подолг временски период ја држел заклучена во една соба и секојдневно физички ја малтретирал, нанесувајќи и бројни телесни повреди. Жената искористила прилика кога во еден момент осомничениот ја заборавил отклучена вратата, успеала да побегне и настанот го пријавила во полиција“, информира јавното обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и со решение му определи притвор на осомничениот во траење од осум дена.