Нашата дива Калиопи на Фејсбук попладнево ја објави најновата песна, дует со српскиот пејач Жељко Самарџиќ „Знам“ за која текстот го напиша нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил.
„Феноменален спој“, „Прекрасна песна“, „Ви благодарам до небо“, „Каков спој, каков спот, каков аранжман“„Предобро“… коментираат фановите што ја слушнале песната на Јутјуб.
Грил е и композитор на музиката и аранжер, а на промоцијата во Белград додека Калиопи зборувала за создавањето на песната се расплакала, бидејќи како што вели оваа песна буди посебни емоции.
„ Штом ја слушнав песната за прв пат, сфатив дека тоа е повеќе од песна. Такво чувство ми се случи кога првпат ги слушнав „Бато“ и „Црно и бело“, сега ми се случува кога ја слушнав „Знам“, изјави Калиопи.
Двајцата пејачи наскоро ќе одржат прес-конференција по повод нивната соработка и објавувањето на дуетската песна во Скопје.
Промоцијата ќе се одржи на 25 април 2023 (вторник) во 12 во „АудиоКултура“ во населбата Тафталиџе.