(ФОТО) Кралицата на облините избрана за најсексипилна жена на светот

Магазинот „Максим“ ja прогласи Ешли Греам за најсекси жена во светот во 2023 година.

„Ешли е уметничко дело кое оди. Да беше Ботичели жив денес, таа ќе беше неговата Венера“, објави познатиот магазин.

„Максим“ на својата годишна листа Hot 100 за 2023 година ги наброја најуспешните и најубавите жени во индустријата за забава, спорт и поп култура.

Advertisements

„Ешли Греам, кралицата на облините, е свеж воздух во модната индустрија. Таа не е само модел, таа е движење. Ешли не потсетува дека тајната не е само во прифаќањето на вашите облини, туку во прифаќањето на себеси онакви какви што сте“, велат во текстот за оваа убавица.

Ешли има над 20 милиони следбеници на Инстаграм.