Холивудската актерка Селма Блер позираше за насловната страница на „Вог“ со бастун.
Во оваа прилика таа зборуваше за дијагнозата на мултиплекс склероза и желбата да се отстрани стигмата околу самата болест.
Во интервју за магазинот, актерката проговори за причината поради која се повлече од актерството. Таа го нарече мачно присуството на сетовите додека се справувала со исцрпеноста и тиковите предизвикани од болеста.
Селма Блер вели дека има емоционална и физичка приврзаност кон бастунот. Кога зборуваше за својата болест, престана да добива улоги.
Таа вели дека отсекогаш имала замор и нејасен говор, но на лекарите им биле потребни години да сфатат што не е во ред со неа.
Иако на почетокот мислела дека нејзините проблеми се од психосоматски карактер, во моментот на добивањето на дијагнозата и паднал голем камен од срцето.
Таа во една од објавите на Инстаграм објасни како се чувствува, сакајќи да ја сподели својата приказна со луѓе кои се борат со истата болест:
„Ова е вистината за оваа невродегенеративна болест. Тоа е непријатно. Ова е фаза кога се јавува неконтролирана анксиозност. Многу ме чини да излезам, да се дружам со луѓе. Мозокот ми гори. Замрзнувам. Се чувствуваме осамено дури и кога ја имаме сета љубов и поддршка што Бог ги испраќа и дозволува. Луѓето ми пишуваат прашувајќи како ми е. Давам се од себе. Но, се гушам од болка кога мислам на тоа што сум изгубила и на што се осмелувам да сакам и да се надевам. И сега е предизвик дури и да одиме. Но, искрената насмевка е основа на сè. Во ред е. Животот е една голема авантура со многу остри парчиња што ве будат. Не можам да спијам навечер, но затоа едвај успевам да останам будна преку ден. Јас сум возрасна жена која гушка плишано мече, кое и припадна на една од моите сестри поради болест, благодарам ѝ за тоа. Правиме што можеме. Мојот неделен распоред е преполн со мајчинство, работа и други работи на кои треба да се радувам. Но, како и многумина од вас, се молам. Ја впивам љубовта каде што можам. Не е лесно, но и тоа е во ред. На сите ви испраќам љубов“ порача неодамна Селма.
View this post on Instagram