„Ме боли“ е новата песна на Мијата во музичка соработка со групата Фолтин од Битола.
Песната ќе има и целосна француска верзија со наслов “C’est joli“, а која ќе биде премиерно изведена на TV5 Monde, француска телевизија која ги подржува франкофоните ширум светот.
„Станува збор за моја авторска француско-македонска шансона, со наш заеднички органски аранжман, снимена во студиото Алшар во Скопје. Пресреќна сум што постојат врвни уметници како што се Фолтин, кои веднаш го разбраа музичкиот филм кој го посакував и создадоа автентична атмосфера поради која оваа песна ќе се смести на листата на препознаени шансони од целиот свет“, вели Мијата.
Видео записот се случи во соработка со универзитетот Европа Прима, каде магистрант е актерката Јелена Мијатовиќ, која направи трансформација за потребите на изведбата, додека Бојан Секулоски, професор на истиот универзитет, ги изработи снимањето, фотографијата, колор корекцијата и монтажата.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
„ДПМНЕ и ЗНАМ станаа измеќари на ВРЕДИ“ - Левица бара расправа за Законот за бранителите в...
„15 луѓе не загинаа по своја вина, туку затоа што некој не си ја завршил работата“ - Вучиќ...
(ВИДЕО) „Свето Пивара ќе добие 2,4 милиони евра за улица која не постои“ - Левица бара одг...
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ - Илон Маск го исмејува Зеленски
„Мета“ треба да плати 800 милиони евра казна поради нефер услови на пазарот за социјални м...