Во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Кавадарци тешко е повреден мотоциклист.
„Сообраќајната несреќа се случила помеѓу моторцикл “бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од В.К.(57) од Кавадарци и патничко моторно возило “голф“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од М.М.(25) од Кавадарци, коj го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки било пронајдено од страна на полициски службеници“ информираат од МВР.
Мотоциклистот по несреќата со тешки телесни повреди е пренесен во Општата болница Кавадарци.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

