Манекенката Софија Ричи (24), ќерка на легендарниот Лајонел Ричи, му го кажа судбоносното „да“ на вереникот Елиот Гранџ.
Убавата невеста пред олтарот ја донесе нејзиниот татко и му ја предаде на Елиот, а свадбената церемонија се одржа во луксузниот хотел „Кап-Еден-Рок“ на југот на Франција.
Неколку недели пред церемонијата, невестата го посети салонот Шанел во Париз, заедно со нејзината свекрва Лејди Керолин Гранџ и нејзиниот најдобар пријател Али Малер.
Софија избра три тоалети за најважниот ден во својот живот, а на самата свадбена церемонија блесна во креација со отворен грб со долг вез. Таа носеше романтичен проѕирен превез над главата, а косата и беше во пунџа.