(ВИДЕО) Поранешната премиерка Јадранка Косор запеа на телевизија, само да слушнете која песна ја одбра

Во емисијата „Маскиран пејач“ која се емитува на хрватската RTL телевиизија падна и првата маска, а зад неа беше поранешната премиерка Јадранка Косор.

Косор во шоуто изненади, но и воодушеви од изборот на песните. Таа ја изведе народната песна „Мамица су штрукле пекли“, потоа „Теше боје“ од Барет и Мајки, па „Маму ШЧ“ од Лет 3.

Под маската на кралицата, дизајнирана од краторот Јурај Зигман, беше поранешната премиерка на Хрватска, но некои на видеото на јутјуб коментираат дека можеби е и Колинда, но сепак гласот повеќе ги потсетуваше на Косор, па коментираа „Браво кралице“„Јаца Qeen“, „ Не можам да верувам дека ја пее “Мама ШЦ“…„ова е нешто најдобро во 2023“ итн.

Advertisements
Косор за овој настап рече дека бил отстапување од комфорната зона за една поранешната политичарка и министерка.