„Чисти се, не се перени“ – владиката Петар порача да не береме гајле кој дава пари за неговата ТВ

Митрополитот Петар во вечерашната Топ Тема најави дека името на Телевизијата, формирана од фирмаат „Преобразба“, чиј сопственик е тој а која доби дозвола за работа и од 1-ви мај треба да почне да емитува програма во етер ќе биде „Вистел“ или вистинска телевизија.

„Нашата телевизија не е свештеничка телевизија, 50 % ќе има забавен карактер, 30% ќе има образовен и документарен карактер. Во образовниот дел имаме ли цркви, манастири кои се распаѓаат а се под заштита како споменици на културата? Треба ли да ги заштитиме?“ – рече Петар.

Во однос на тоа кој ќе ја финансира неговата телевизија, митрополитот Петар одговори остро:

Advertisements

„Тоа да не го интересира никого, бидејќи ни мене не ме интересира, кој вас ве финансира.“

Чисти пари се, не се перени, ниту ќе дозволиме такво нешто, тврди Петар, порачувајќи повторно дека никого не треба да го интересира дали „Преобразба“ има доволно пари да ја финансира телевизијата.

„Луѓето свој леб јадат, туѓо гајле берат. Оставете го гајлето на нас“ – одговори Петар на прашањата кој ќе ја финансира телевизијата „Вистел“.

Тој демантираше дека телевизијата ја прави со Љупчо Палевски.