„Адинг“ добивката од 397,8 илјади евра ќе ја подели на акционерите, но и на вработените

„Адинг“, компанијата која се смета за фармацевт во градежништвото, минатата година оствари нето добивка од 24.507.879 денари, односно 397,8 илјади евра. Распределбата треба да се официјализира на претстојното Годишно собрание на акционерите закажано за 26 мај, пишува порталот Пари.

Износот на добивката, според предложената одлука, ќе се распореди на четири дела. Акционерите ќе поделат дивиденда во нето износ од 163,7 илјади евра (10.085.040 денари).

За членовите на Управниот одбор, како што пишува порталот Пари, односно за менаџментот, предвидени се 9,9 илјади евра (612.697 денари). Во планот за делење на добивката се и вработените, 150 на број, за кои се наменети 23,8 илјади евра (1.470.473 денари). А, пак, најголемиот износ од над 200 илјади евра (12.339.669 денари) се распределува за инвестиции, даноции и придонеси.

Advertisements