КСС повикува на скара пред Влада на 1 Мај – „ќебапче за работникот, бифтек за власта“

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска ги повика работниците на јавен протест кој ќе го организираат по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот.

„Ќебапче за работникот, бифтек за власта – е нема правда“ е мотото на најавениот протест за 1 Мај.

Според информацијата на КСС збирно место ќе биде во 10 часот пред просториите на КСС, а потоа ќе продолжат да се движат по улицата Јордан Мијалков, потоа по булеварот Климент Охридски и ќе продолжат кон Владата каде што ќе има обраќање на присутните во 11 часот.

Advertisements