На социјалните мрежи училиште од САД објави видео, на кое се гледа како седмоодделенецот Дилон Ривс го запира автобусот откако возачот се онесвестил. Тој го фаќа воланот а потоа притиска на сопирачките, пренесуваат американските медиуми.
66 ученици кои се превезувале во училишен автобус од училиштата во Мичиген се безбедни благодарение на 13-годишно момче кое го презело управувањето со училишниот автобус откако возачот изгубил свест, соопштија официјални лица.
Дилон Ривс од средното училиште Картер во Ворен скокнал напред од своето седиште кое било пет реда зад возачот и ја презел контролата над воланот.
Родителите на Дилон се многу горди, а тој е поздравен како градски херој. Дилон беше пофален за неговото „брзо размислување“ откако се вклучи да помогне кога неговиот возач се онесвети.
„Многу сме горди на вас за вашите херојски постапки! Напиша советникот на Ворен, Џонатан Лаферти“, во објава на Фејсбук.
Кога полицијата ги повикала родителите на Дилон, неговиот татко, Стив Ривс, прво прашал „што направил тој?“
А полицајците одговориле „твојот син е херој“, пренесуваат локалните медиуми.