(ВИДЕО) Северина падна на сцена, а публиката пееше „Зар то није добар осјечај“?

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ падна за време на нејзиниот настап, а видеото го сподели со нејзините следбеници на социјалните мрежи.

„Според кореографијата планирав да се фрлам во публиката, но се случи малку порано… Всушност, ова го правам секогаш кога сакам да одморам на сцената…“, се пошегува Северина.

Инаку, настапот на Северина бил организиран во рамките на промоцијата на списанието „HELLO!“ за хрватскиот пазар.

Advertisements

Таа на црвениот тепих пристигна во сега култниот фустан во кој се појави на доделувањето на наградите во Белград во 2012 година.

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)