(ФОТО) Секој негов фустан беше уметничко дело – почина еден од најдобрите дизајнери во светот

Еден од најуспешните руски модни дизајнери Валентин Јудашкин почина на 59 годишна возраст, јави порталот Руска реч.

Во текот на неговите 35 години во светот на модатат, како што пишува Руска реч, Јудашкин, реализираше голем број значајни проекти: од дресови за Олимписката репрезентација на Русија до сопствената модна куќа Valentin Yudashkin со продавници во Хонгконг, Франција и Америка.

Првата сериозна колекција на Јудашкин беше претставена во 1991 година во Париз како дел од „Неделата на висока мода“ и беше наречена „Фаберже“.

Advertisements

Секој фустан од оваа колекција може слободно да се нарече уметничко дело (денес се чуваат во музеите низ светот, вклучувајќи ги Лувр и Калифорнискиот музеј на модата).

Јудашкин дизајнираше не само haute couture и pret-a-porter, туку и додатоци, долна облека, чевли, накит, часовници, порцелан и предмети за ентериер.

„Денешната жена е прагматична, концептуална и знае што сака. Мојата хероина е млада, сексипилна, се занимава со спорт, активна е… и работи!“, вака ги согледуваше Јудашкин современите дами.