(ВИДЕО) Али Ахмети не смее да положи цвеќе на гробот на загинат во Слупчане

Таткото на припадник на ОВК кој загинал кај Матејче Али Махмути не му дозволува на Али Ахмети, лидерот на ДУИ да положи цвеќе на гробот на неговиот син во Слупчане, пишува порталот Лајм кој објави и видео од комеморативната церемонија во кумановското село.

Според Лајм, на настанот по повод одбележување на почетокот на војната во 2001 година во Слупчане присуствувал и првиот човек на ДУИ Али Ахмети, како што може да се види и на снимката подолу.

Тој заедно со други партиски функционери се поклонил на гробовите на загинатите , но во знак на револт поради нерешавањето на статусот на поранешната ОВК, бранителите и семејствата на загинатите, вели Лајм, лидерот на ДУИ бил спречен од таткото на загинатиот Али Махмути да положи цвеќе на гробот на неговиот син кој загинал кај Матече во борбите во 2001 година.

Advertisements