Популарниот кларинетист и саксофонист Ферус Мустафов е во болница и се бори за живот, објави на социјалните мрежи неговиот внук Ферчо Мустафов.
„До сите мои пријатели и колеги. Мојот дедо Ферус Мустафов не е починат. Точна е информацијата дека се наоѓа во болница и дека се бори за својот живот. Да се помолиме за негово здравје! Ви благодарам во името на фамилија Мустафови за поддршката и вниманието“, напиша тој на „Фејсбук“.
Откако беше објавена оваа вест на Фејсбук, голем број пријатели и фанови на Ферус му посакаа брзо закрепнување и да се врати на музичката сцена.
„Го молам Господ за здравјето на најголемиот човек, Ферус е човек со срце како планина“
„Господ да му даде сила да оздрави“
Маестро е силен и ќе ја надмине оваа препрека. Со тебе сме маестро“, му порачаа фановите на легендарниот музичар.