(ВИДЕО) Познатата холивудска актерка се прости од жртвите во масакрот во Белград – во нивна чест запали девет свеќи

Познатата холивудска актерка со српско потекло Стана Катиќ на Инстаграм испрати порака во врска со трагедијата што се случи вчераутро во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград.

„Драга Србијo, многу ми е жал што ова лудило стигна и до тебе. Се молам за малите души кои не напуштија. Се молам за оние на кои им беа одземени животите и за оние кои останаа со непоправливо изменетите животи. Нека биде засекогаш спомен“, напиша актерката Стана Катиќ, објавувајќи видео на кое се прикажани девет запалени свеќи во спомен на деветте жртви на трагедијата, какви што Србија не памети.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stana Katic (@drstanakatic)