Невработен маж на 26 годишна возраст упатил смртни закани на италијанската премиерка Џорџа Мелони и нејзината шестгодишна ќерка на интернет.
Причина за заканите е незадоволството од владиниот план за укинување на субвенциите за борба против сиромаштијата, соопшти полицијата.
Против човекот кој се закани, како што информираат медиумите во Италија е покрената истрага за заканувачко однесување, претресена е неговата куќа и затворен е неговиот профил на социјалната мрежа „Твитер“.
Италијанската премиерка секогаш ја критикуваше програмата, која беше воведена во 2019 година, тврдејќи дека луѓето во работоспособна возраст не треба „засекогаш да живеат од државна помош“.