На клиниката завладеа молк, имаше обилно крварење, вели лекарот кој го оперираше девојчето со прострелна рана во главата

Девојчето кое беше тешко рането во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград  се уште е во многу тешка состојба, нејзиниот живот е во опасност. Девојчето е на интензивна нега во Тиршова и е најтежок пациент чиј живот е загрозен. За неа континуирано се грижат анестезиолозите, изјави д-р Александар Кнежевиќ, специјалист по неврохирургија на Универзитетската детска клиника во Тиршова во емисија на РТС.

Докторот ја опиша целата драма што следела во Тиршова кога почнале да пристигнуваат деца повредени во пукањето во училиштето.

„Тоа утро разговарав за редовната програма со специјализантот кој беше дежурен таа вечер, разговаравме што треба да се прави со пациентите на одделението. Потоа дојде практикантот, кој бил на должност цела ноќ. Само рече дека нема да оди дома, бидејќи од основното училиште во Врачар доаѓаат девет повредени. Во тој момент не знаевме за кое основно училиште се работи. Помина долго време додека не дознав за кое основно училиште станува збор. И мојот син оди во едно од тие училишта во Врачар“, изјави д-р Кнежевиќ за РТС.

Advertisements

Кога почнале да пристигнуваат првите пациенти почна прераспределбата, бидејќи немаме доволно сали за неврохирургија, ниту неврохирурзи, вели докторот.

Девојчето кое било во тешка состојба веднаш било згрижено од анестезиолог.

„Докторката Симиќ, која е задолжена за анестезија во Тиршова, и нејзините колеги веднаш ја однесоа пациентката во просторијата за реанимација, каде дојдоа детски хирурзи, ортопеди и ние неврохирурзите. Утврдивме дека има прострелна рана во главата“, изјави Кнежевиќ.

Во Тиршова, додаде тој, владееше молк. Радиологот направил снимка и по некое време почнала операцијата.

„Имаше обилно крварење кое некако успеавме да го запреме. На половина од операцијата ни се придружија уште двајца професори и заедно направија се што беше можно од медицински аспект“, вели Кнежевиќ.

Тој посочува дека во тој момент многу им значела поддршката од другите професори кои им се придружиле.